Надал нема намера да го напушти тенисот во скоро време

Еден од најдобрите светски тенисери, Рафаел Надал, изјавува дека нема намера во скоро време да му каже збогум на тенисот, но истакнува дека е подготвен за живот после професионалната кариера.

Надал деновиве се наоѓа во Аргентина каде ќе одигра неколку егзибициони натпревари со Каспер Руд. Надал на прес-конференција во Буенос Ајрес одговараше на бројни новинарски прашања.

„Јас сум прилично реална личност, и знам дека ќе дојде и тој момент кога ќе ја завршам профи кариерата. Спремен сум за живот после тенисот, и мислам дека нема да имам проблеми да се прилагодам на промените во животот. Тенисот како спорт го обожувам, но постојат и други работи кои се подеднакво битни. Можам само да кажам дека крајот на кариерата сепак не е блиску“, изјави Надал.