Надал победнички го отвори Австралија опен

Рафаел Надал лесно се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако на првиот ден на првиот Грен Слем годинава го совлада Американецот Маркос Жирон со 6-1, 6-4, 6-2.
Во моментов шестиот тенисер во светот цели кон рекордната 21. Грен слем титула, а работата уште повеќе му е олеснета откако деветкратниот шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, вчера беше депортиран од Австралија, откако му беше одбиена жалбата за визниот режим.
На стартот на турнирот, победа и за седмиот носител, Италијанецот Матео Беретини, кој го победи Американецот Брендон Накашима со 4-6, 6-2, 7-6, 6-3. Пласман во следното коло обезбедија и Французинот Гаел Монфис, кој беше подобар од Аргентинецот Федерико Корија и Шпанецот Пабло Карењо, кој славеше против Аргентинецот Томас Мартин Ечевери со 6-1, 6-2, 7-6.