Надал: Подготвен сум за Вимблдон
Рафаел Надал во средата после три години го одигра својот прв натпревар на трева. Тенисерот од Шпанија изјави дека овие дуели се одлична подготовка за Вимблдон, каде ќе се обиде да стигне до својот трет Гренд Слем турнир оваа сезона.
Надал годинава ги освои Австралија Опен и Ролан Гарос, а евентуалниот триумф на Вимблдон би го довел чекор поблиску до историски успех, односно освојување на сите четири Гренд Слем турнири во иста сезона, што досега му успеало само на тенисерот Род Лејвер во 1969 година.
Рафаел Надал нема одиграно натпреварувачки дуел на тревна подлога од 2019 година кога во полуфиналето на Вимблдон загуби од Роџер Федерер.