Надал се повлече од Вимблдон и Олимписките игри!

Рафаел Надал на својот Твитер профил објави дека нема да игра на Вимблдон и Олимписките игри.

„Тоа беше тешка одлука, но морав да го слушам моето тело и ова е најдобрата одлука. Главната цел е мојата кариера да потрае и да можам да продолжам да се борам за најголемите трофеи. Од Роланд Гарос до Вимблдон има само две недели, а тоа не е доволно време за опоравување. Последните два месеци беа одлични, но истовремено и големо оптоварување за мојот организам.“ – напиша Надал.

Шпанецот, кој неодамна наполни 35 години, од турнирите на земја ги освои Барселона и Рим, но беше поразен во полуфиналето на Роланд Гарос од Новак Ѓоковиќ.

На последниот Вимблдон во 2019. година играше полуфинале, а тој турнир го освојуваше во 2008. и 2010. година. На Олимписките игри во 2008. освои злато во сингл конкуренција, а во 2016. го освои златото во парови.