Надал се пријави за настап на УС Опен

Големата ѕвезда на светскиот тенис, Шпанецот Рафаел Надал одлучи да игра на овогодинешниот УС Опен.

Специјализираниот тениски портал „Only Tennis“ ја објави веста која ги разбуди фановите на трофејниот Шпанец.

Според нивните сознанија, Надал ќе го искористи заштитениот пласман за влез во главната ждрепка и ќе игра на последниот Грен слем во сезоната.

Надал четирипати во кариерата триумфираше на УС Опен, а последната титула во Њујорк ја освои во 2019 година.