Надал: Целосно сум уништен по победата над Шаповалов
Еден од најдобрите светски тенисери, Рафаел Надал, сеуште е воодушевен од остварената победа во четвртфиналната пресметка против Денис Шаповалов на Австралија опен.
Шпанецот изгуби предност од два сета и беше на праг од пораз, но успеа да смогне сили и да го добие дуелот, со што се пласира во полуфиналето од турнирот.
„Искрено, не знам како го добив овој натпревар. Јас сум целосно уништен. Имав среќа на почетокот на петтиот сет и тоа ми ја донесе победата. Во првите два сета играв одлично, но потоа имав потешкотии против толку силен противник како Денис. Веќе немам 21 година и добро е што имам време да се одморам после ваков маратон“, изјави Надал.
Тренерот на шпанскиот стручњак,Карлос Моја, откри дека Надал во текот на мечот поради дехидрација изгубил 4 килограми.