Надал ќе стане амбасадар на Ролан Гарос

Поранешниот светски рекет број еден, Шпанец Рафаел Надал би можел да стане амбасадор на „Ролан Гарос“, изјави директорката на турнирот Амели Морезмо.

„Турнирот и Рафа имаат заедничка желба да соработуваат во некоја форма. Се фокусиравме на она што се случи оваа година, со информативната кампања и оддавањето почит. Но, ќе продолжиме со нашите дискусии за историјата на турнирот, поврзана со Рафа во последните 20 години, да може да продолжи на некој начин“, изјави Морезмо за „Дејли Мејл“.

Надал се пензионираше во 2024 година на 38-годишна возраст. Тој го држи рекордот за најмногу титули – 14 на Отвореното првенство на Франција.

Вкупно Надал има освоено 22 Грен слема.