Над 300 пакети со облека, храна и играчки, донирани од околу 800 вработени
Над 300 пакети со облека, храна и играчки, беа донирани до семејства од ранливи категории во пресрет на новогодишните празници.
Хумани граѓани, вработени во трите битолски фирми, Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, кои имаат претставништва во Битола, Скопје, Гевгелија, Охрид, Струга, Радовиш, Валандово, Куманово, Струмица, Штип, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Гостивар, Кичево и Велес и останати помали градови, како и рурални средини, се здружија и покажаа дека она што за еден е малку, за друг е многу. Акцијата беше во соработка со Црвен Крст, а се донираше онаму каде што Црвениот крст одлучи дека тоа е најпотребно.
Под мотото „Подари среќа, подари радост“, беше организирана оваа акција, која заврши со одличен исход, а беше донирана во очи празникот Св. Никола.
Од Црвен крст истакнаа, дека оваа хуманитарна акција е една од најголемите која била спроведена во државата, се заблагодарија на соработката, и посочија и останатите компании, организации, поединци и останати хумани луѓе да донираат и да помогнат да нема гладни сограѓани.
„Секој заслужува радост и среќа особено за време на празниците. А ние сакавме да ја покажеме нашата хуманост и да ги поттикнеме останатите компании и ннивните вработени во Македонија да го следат нашиот пример. Затоа што добрите дела остануваат засекогаш, а среќните лица на оние кои се најранливи, се глетка која навистина ја топли душата. Токму заради ова, оваа хуманитарна акција ќе биде традиционална и ќе ја организираме секоја година. Им посакуваме на сите Среќна Нова година и Божиќни празници!“, посочи менаџментот на овие фирми.
Овие три фирми од Битола, донираат и помагаат во континуитет, до сега помогнале на бројни семејства и поедницни, како и инситуции, цркви и манастири, а успешно и секоја година организираат акција за дарување на крв, каде последниот пат беа собрани над 120 единици со крв.