Наоми Осака објави дека на терените се враќа дури следната сезона
Четирикратната грен слем шампионка, јапонската тенисерка Наоми Осака, нема да се натпреварува до крајот на оваа година поради повреда на грбот.
Осака требаше да биде дел од јапонската репрезентација во финалето на Купот Били Џин Кинг што ќе се одржи од 13 до 20 ноември во Малага, но донесе одлука да се одмори и подобро да се подготви за новата сезона.
Осака се повреди за време на турнирот во Пекинг, по што го пропушти минатонеделниот турнир во Осака, а нема да настапи ниту на турнирот во Токио оваа недела. Сезоната во која Осака се врати на ВТА турнирите по породувањето не помина според планот, а поранешната најдобра светска тенисерка во моментов е на 56-то место на ранг-листата.