Напаѓач на лето го напушта Арсенал, кои се опциите?

Фудбалерот на Арсенал, Александер Лаказет е понуден на Јувентус кој на лето планира да доведе напаѓач, пренесува Калчомеркато. Договорот на францускиот фудбалер истекува во 2022. година и мали се шансите и во наредната сезона да настапува на „Емирати“. Минатото лето беше на чекор од трансфер во Атлетико Мадрид, но сепак остана во северен Лондон, но овој пат тоа ќе биде тешко замисливо. Како што се пренесува, поранешниот напаѓач на Олимпик Лион е во потрага по нов предизвик, на крајот од месец мај полни 30 години и смета дека е вистинско време за промена. Се додава дека, судејќи по профилот на играчот, трите најдобри клубови за продолжување на кариерата се – Атлетико, Барселона и Јувентус. Лаказет е член на Арсенал од 2017. година и за тоа време постигна 59 погодоци во сите натпреварувања во 157 натпревари.