Напаѓач од Нотингам Форест ставен во индуцирана кома

Фудбалерот на Нотингам Форест, Таиво Авониј, беше ставен во медицински индуцирана кома после неговата абдоминална операција откако се судри со стативата за време на ремито против Лестер во неделата, изјави „The Daily Mail“. 

Откако клубот го сфати степенот на неговите повреди, Авониј веднаш беше однесен на болница и опериран. Потоа бил ставен во кома со цел да му помогне со закрепнувањето.  

Авониј не можеше да биде заменет бидејќи Форест веќе ја имаше искористено последната замена. Напаѓачот се обиде да продолжи, но не можеше да се движи правилно. 

Овој тип на повреда некогаш може да биде смртоносен, но нема навестување дека повредата на 27-годишниот е опасна по живот, а комата се користи за да се ограничи неговото движење и да се регулира пулсот. 

„Сериозноста на повредата на Таиво Авониј е моќен потсетник за физичките ризици во играта и зошто здравјето и состојбата на играчот секогаш мора да бидат на прво место“, изјави клубот.