Наполи бара 140 милиони евра за Осимен

Манчестер Јунајтед, Арсенал и Њукасл се силно заинтересирани
за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Италијанските медиуми пренесуваат дека споменатите клубови
веќе стапиле во контакт со агентот на напаѓачот, кој е отворен за
преселба во Премиер лигата.
Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на
Осимен бара 140 милиони евра. Осимен се етаблираше во еден
од најдобрите напаѓачи во Европа и оваа сезона е прв стрелец во
Серија А со 11 постигнати гола.
На лето се очекува голема борба за неговиот потпис, но Наполи
сигурно ќе сака добро да заработи од неговата продажба.