Наполи го бара Езџан Алиоски
Медиумите во Италија објавија дека луѓето од Наполи бараат замена за Гулам и дека изборот паднал на нашиот фудбалски интернационалец, Езгјан Илиоски, кој има одлични партии во дресот на Лидс.
Бидејќи англичаните досега не му понудија продолжување на соработката на македонскиот играч, сосема е извесно дека Алиоски во текот на летото ќе може да го напушти стадионот – „Елан роуд“.
Ако најавите се реализираат, тогаш Македонија ќе има двајца репрезентативци во калчо-лигашот, под услов, таму да остане Елиф Елмас кој од 2019 година го носи дресот на Наполи.