Наполи го враќа Кулушевски во Серија А?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Дејан Кулушевски на лето може да го напушти Тотенхем и да се врати во Серија А.

Македонецот роден во Шведска оваа сезона во Премиер лигата запиша 28 настапи на кои постигна 6 гола и само 3 пати асистираше. Кулушевски не е задоволен во Тотенхем и сака да се врати во Серија А, а силен интерес за него покажува Наполи.

Се очекува клубот да заработи од продажбата на Виктор Осимен и дел од парите ќе ги инвестира во крилниот напаѓач.

Кулушевски во Тотенхем пристигна пред две и пол години од Јувентус за 35 милиони евра.