Наполи го купува Рафа Марин од Реал Мадрид

Италијанскиот фудбалски состав, Наполи, може да ангажира двајца централни дефанзивци, објави новинарот, Фабрицио Романо.

Првиот е Шпанецот, Рафа Марин , кој челниците на Реал Мадрид ќе му го отстапат времено на Наполи за 10 милиони евра. Вториот фудбалер е италијанскиот репрезентативец, Алесандро Бонџорно, кој ќе биде ангажиран од екипата на Торино.

Тој во изминатата сезона одигра 31 натпревар  со ефект од три гола и даде една асистенција. За него постои опција да добие перманентен договор.