Наполи го сака Марио Хила од Лацио

Наполи тропна на вратата на Лацио за трансфер на Марио Хила, дефанзивецот целосно одговара на бараниот профил.
Газета дело Спорт објави дека Наполи го идентификувал Марио Хила како приоритет за засилување на одбраната, клубот од „Диего Марадона“ веќе ги започнал и првите разговори со Лацио.
Шпанскиот дефанзивец одговара на профилот што го бараат „наполитанците“ поради неговото лидерство на теренот и познавање на Серија А.
Токму Макс Алегри, кој сега се поврзува со клупата на Наполи, му го препорача Марио Хила на Милан, и до пред некој месец „росонерите“ се посочуваа како главен фаворит за неговиот потпис, одредени извори дури велеа и дека паднал договор.
Но по „распад-систем“ што се случи на Сан Сиро со неуспехот да се обезбеди настап во Лигата на шампиони, Наполи се обидува да ја искористи ситуација и да го зграпчи дефанзивецот.
Сепак, зделката не е лесна бидејќи Клаудио Лотито е тврд преговарач и не планира попуст, за Марио Хила бара најмалку 30 милиони евра.