Наполи даде „зелено светло“ за продажба на Осимен

Раководството на Наполи му даде зелено светло на Виктор Осимен за трансфер во јануари.

Нигерискиот напаѓач, кој моментално е позајмен во Галатасарај, го бараат неколку клубови од Премиер лигата – Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал и Астон Вила, пренесува „ТБР Фудбал“.

Цената на напаѓачот е 75 милиони евра и доаѓа во форма на опција. Оваа клаузула е содржана во позајмицата на Осимен на турскиот шампион Галатасарај.