Наполи и Кварацхелија преговараат за нов договор

Претстојното лето, Наполи има намера да му понуди на 23-годишниот крилен напаѓач Хвича Кварацхелија нов договор до 2028 година, со зголемување на неговата плата од 1,2 милиони евра на 4,5 милиони евра годишно.

Ова го објави новинарот Франческо Поласто, а според истиот, покрај зголемувањето на платата, новиот договор на Кварацхелија ќе вклучува и бонуси за учинок. Се нагласува дека Наполи сака да го направи грузискиот фудбалер нов херој на Неапол. Да потсетиме, оваа сезона Кварацхелија учествуваше на 38 натпревари на сите турнири, на кои постигна 10 гола и шест асистенции.

Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2027 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 80 милиони евра.