Наполи се соочува со проблеми да го откупи Хојлунд

Трансферот на напаѓачот Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед во Наполи може да пропадне поради финансиски проблеми на италијанскиот клуб, според информациите кои беа објавени воИталија. Данецот моментално е на позајмица во клубот од Наполи.
Позајмицата на Хојлунд е до крајот на тековната сезона. Наполи има обврска да го откупи 22-годишниот напаѓач доколку бидат исполнети одредени услови. Хојлунд одигра 19 натпревари за италијанскиот клуб, постигна седум гола и имаше три асистенции.
Данецот е во Манчестер Јунајтед од летото 2023 година. Во овој период, тој одигра 95 натпревари во сите натпреварувања, постигна 26 гола и имаше шест асистенции.