Наполи ја одби понудата на Ал Хилал за Мектоминеј

Саудискиот клуб Ал-Хилал, на чија клупа неодамна седна Италијанецот Симоне Инзаги, покажува голем интерес за играчот од средниот ред на Наполи, Скот Мектоминај, но италијанскиот шампион соопшти дека 28-годишниот Шкотланѓанец не е на продажба.
Италијанските медиуми објавуваат денеска дека Инзаги сака да го ангажира шкотскиот играч за врска, кој беше еден од клучните играчи на Наполи во освојување на титулата.
Во својата дебитантска сезона во италијанската Серија А, Мектоминај постигна 12 голови и имаше шест асистенции во 34 прволигашки натпревари.
Медиумите наведуваат дека Мектоминај не размислува за преселба во ниту еден друг клуб ова лето.
Шкотскиот репрезентативец пристигна во Наполи во август минатата година за 30 милиони евра, откако целата кариера ја помина во Манчестер Јунајтед.