Наполи ја одреди цената за напаѓачот Виктор Осимен

Италијанскиот весник Газета дело Спорт пренесува дека Наполи е подготвен за продажба на напаѓачот Виктор Осимен и дека цената за негов ангажман би изнесувала 70 милиони евра.

22-годишниот Нигериец пристигна во италијанскиот клуб во 2020 година од францускиот Лил и стана најскапиот африкански фудбалер.

За напаѓот интерес покажуваат неколку европски клубови, но високата цена која ја одреди Наполи може да стане пречка за негов трансфер.

Осимен оваа сезона поради повреда беше приморан да пропушти голем број на натпревари, па така тој настапи на само 11 натпревари во Серија А и успеа да постигне 5 гола.