Насер Ал Келаифи испрати порака до Мбапе: Клубот е над секој фудбалер
Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи, јасно му стави до знаење на Килијан Мбапе дека нема да му дозволи да си поигрува со угледот на клубот.
Еден од најдобрите играчи на денешницата доби услов од ПСЖ – или да го продолжи договорот или да си замине ова лето за клубот да заработи од неговиот трансфер. Мбапе тврдеше дека сака да остане, а останува да се види што ќе се случува.
Ако и дефинитивно не постигне договор за продолжување на соработката, клубот ќе тргне во акција на негова продажба, засега Реал Мадрид е главниот фаворит. Во медиумите се шпекулираше и дека ПСЖ може да го остави Мбапе цела сезона надвор од тимот ако не потпише нов договор, а остане.
„Клубот е поголем од сите, секој кој не сака да биде тука и кој не ги почитува нашите вредности, не би требало да биде тука. Тука се најдобрите фудбалери во светот, нема изговори. Ништо не недостасува. На тренинзите мора да се работи 200%. Ако сите даваме максимум резултатите ќе дојдат“, изјави Ал-Келаифи.