Начо најави заминување од Мадрид

Репрезентативецот на Шпанија, Хозе Луис Фернандес Иглесијас или познат како Начо на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.

Дел од Реал Мадрид, Начо е од 2001 година, а за првата екипа игра од 2011 година и изгради легендарен статус во клубот.

Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а двете страни одлучиле да се разделат.

Начо го информирал клубот дека не сака да потпише нов договор и сака нова авантура, а интерес за него покажуваат клубови од Серија А, но и од Саудиска Арабија.