Најголемиот швајцарски талент одлучи да игра за Косово

Швајцарските медиуми кренаа вистинска тревога со веста дека Косово е заинтересирано за еден од најголемите таленти во оваа земја.
Леон Авдулаху, поранешниот играч од средниот ред на Базел, кој имаше одлична сезона и ја освои титулата со овој тим, се сели во Хофенхајм за осум милиони евра, па неговото име повторно е во центарот на вниманието на јавноста, објави Телеграф.
Авдулаху ги поминал сите категории на швајцарската репрезентација на возраст меѓу 15 и 21 година, но не играл за А-тимот.
Поради ова, сега се зголемува притисокот врз Мурат Јакин, тренерот на швајцарската репрезентација, а Косово сака да го искористи ова за да го убеди да игра за нив.
Авдулаху е по потекло од Косово, од каде што неговите родители се преселиле во Швајцарија. Затоа првиот човек на Фудбалската асоцијација на Косово, Агим Адеми, беше во Швајцарија и се сретна со Авдулаху, што беше објавено на неговиот Инстаграм.
Ова ги вознемири швајцарските медиуми со пораки дека зад фотографијата можеби се крие договор еден од најголемите таленти во земјата и нивен репрезентативец да игра за репрезентацијата на Косово.