Најголемите тениски ѕвезди ќе играат на турнирот во Саудиска Арабија

Најдобрите тенисери во светот го потврдија учеството на егзибицискиот турнир кој оваа година ќе се игра во Саудиска Арабија под името „Слем на шест кралеви“.
Ријад повторно ќе биде домаќин на овој турнир со тениски ѕвезди, а потврдено е учеството на Ѓоковиќ, Синер и Алкарас.
Покрај нив, своето место на престижниот турнир го заслужија Александар Зверев, Тејлор Фриц и Алекс де Минор.
„Слемот на шесте кралеви“ ќе се одржи на 21, 22 и 24 октомври оваа година.
Новак го потврди своето учество на социјалните мрежи и го најави спектаклот што ќе го емитува „Нетфликс“.
Тој му се заблагодари и на Турки Алалсик, главниот човек на овој турнир, за поканата за учество оваа година.
Наградата за победникот е шест милиони долари.