Најдобриот македонски атлетичар позитивен на ковид-19, нема да настапи на ЕП во сала
Дарио Ивановски нема да настапи на престојното Европско првенство во сала поради тоа што е позитивен на Ковид-19. Нашиот најдобар атлетичар со нетрпение го очекуваше и овој настап, но инфекцијата со ковид-19 го спречи во намерите.
Ивановски пред извесно време ја освои балканската титула на 3000 метри на шампионатот во Истанбул и требаше оваа недела да настапи на европскиот шампионат во Торун, Полска.
