Најдобриот стрелец најави заминување од Дортмунд

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серу Гираси, е сè поблиску до заминување од клубот, иако има договор кој важи до летото 2028 година.
Гираси и оваа сезона прикажува солидни настапи со учинок од 18 постигнати голови и шест асистенции, а според најавите, очекува наскоро да пристигне понуда што ќе ги задоволи апетитите и на него и на клубот.
Она што дополнително ја загрева ситуацијата е откупната клаузула во неговиот договор. Имено, секој заинтересиран клуб кој ќе плати 35 милиони евра ќе може да го ангажира напаѓачот на „милионерите“.
Со оглед на формата и бројките кои ги бележи, многумина сметаат дека оваа сума е релативно ниска за играч од ваков калибар, па интересот за неговите услуги би можел да биде сериозен во текот на летниот преоден рок.