Најдобриот фудбалер на Атлетик Билбао се сели на „Камп Ноу“
Барселона постигнала договор со дефанзивецот на Атлетик Билбао, Иниго Мартинес, пренесува „Спорт“.
Дефанзивецот беше трансферна цел на Барселона и минатото лето, но трансферот не се реализираше бидејќи Каталонците успеаа да го договорат Жил Кунде. Меѓутоа, Чави не се откажува од Мартинес и сака да го доведе на „Камп Ноу“ по завршување на сезоната.
Мартинес на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а последните информации се дека Барселона постигнала договор со неговиот агент.
Дефанзивецот ќе пристигне на „Камп Ноу“ без обештетување и ќе биде прво засилување за каталонскиот гигант.