Најдобрите фудбалери на собир пред дуелите со Шкотска и со Словенија

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започна подготовките за завршните искушенија во Б-дивизијата од Лигата на нации.

Пред нас се последните два дуели – гостувањето кај Шкотска во петок и пресметката со Словенија дома три дена подоцна.

​Селекторот Гоце Седлоски изврши одредени ротации во составот, со јасна цел: конечно да се стави крај на црната серија и да се дојде до првите бодови и голови во ова издание.

По подолг период од списокот е изоставен Бојан Миовски, за кој селекторот процени дека поради слабата клупска минутажа моментално не е во оптимален ритам. Прв премиерен повик во сениорскиот дрес доби Марко Ѓорѓиевски од Шкендија, а има и неколку повратници во националниот тим.