Најскапиот селектор на Мундијалот не ја мина групната фаза

Најскапоплатениот селектор на Светското првенство во Катар го заврши учеството во групната фаза на турнирот, пишува „АС“. Станува збор за селекторот на Германија Ханзи Флик.

Платата на селекторот на Германија е 6,5 милиони евра годишно. Сепак, тој не успеа да го одведе националниот тим на оваа земја до елиминациите на првото големо првенство во кое го предводеше тимот. Германците завршија само трети во групата Е зад првопласираната Јапонија и второпласираната Шпанија.

Останатите тренери во топ 5 според платата која ја добиваат се: Герет Саутгејт од Англија (5,8 милиони евра годишно), Дидие Дешамп од Франција (3,8 милиони), Тите од Бразил (3,6 милиони) и Луј ван Гал од Холандија (2,9 милиони), а истите успеаја да ги квалификуваат своите тимови во осминафиналето.