На ЕП има играчи од 208 клубови, еве кој дава најмногу!

За овогодинешното Европско првенство пријавени се 624 фудбалери, а најмногу претставници ќе имаат европскиот првак Челзи и англискиот шампион Манчестер Сити. И двете екипи на ЕУРО испраќаат по 15 фудбалери.

Потоа следат Баерн со 14 репрезентативци, Јувентус со 12, а Манчестер Јунајтед и Динамо Киев имаат по 11.

Најмногу од нив играат во Англија. Дури 152 играчи кои се пријавени за ЕП играат во англиските лиги и тоа во 35 различни клубови. Договор со германски клуб има 91 играч, а 75 играат во Италија. Потоа следат Шпанија со 42, Русија и Франција со по 32…

Надвор од Европа играат 11 играчи кои се пријавени за ЕП, седум од нив во северноамериканската МЛС, тројца во Кина, а еден во Јапонија.

Најмногу играчи кои играат во татковината има Англија, 23 од 26 пријавени, па Италија и Русија со по 22. Финска и Словачка од 26 пријавени имаат само по еден репрезентативец кој игра во домашното првенство.