На Мундијалот во Катар беа постигнати најмногу голови во историјата на првенствата
За време на Светското првенство во Катар беа постигнати 172 гола на 64 натпревари, што значи дека се постигнати најмногу голови во историјата на светските првенства.
Досегашниот рекорд по бројот на погодоци го држеа првенствата во Франција 1998 година, и во Бразил 2014 година кога беа постигнати 171 гол. На третото место е СП во Русија, кога беа постигнати 169 погодоци.
Во просек на Мундијалот во Катар се постигнуваа 2,69 гола по натпревар. Во Катар шест натпревари завршија без погодоци, а два меча се завршија со по седум постигнати гола.