На Јувентус му се заканува суспензија од девет бода
Полицијата од Торино пред неколку месеци заплени важни документи од седиштетотo на Јувентус и отвори истрага за работењето на раководството кое поднесе оставка на крајот на месец ноември, а поради финансиските малверзации и прикривањето документи, клубот може да добие и казна во вид на одземање бодови.
Тоа денес официјално го побарал обвинител од страна на Италијанската фудаблска Федерација, односно спорстскиот обвинител Џузепе Чине.
Тој побарал на Јувентус да му бидат одземени девет бодови за скандалот кој изби непосредно пред стартот на Светското првенство, а кој направи да видиме промена на една цела гарнитура во раководните структури на клубот.
Полицијата и обвинителството се уште врши истрага за спорното финансиско работење на клубот во ерата на Андреа Ањели, за кого обвинителот Чине бара суспензија од 16 месеци.