На 27 години за прв пат го повикаа за репрезентација, еве како реагираше! (видео)

Селекторот на Турција за натпреварот против Латвија упати повик до Алпаслан Озтурк, со што на дефанзивецот на Гезтепе му го исполни сонот.
За 27-годишниот десен бек тоа беше прв повик за репрезентацијата. Претходно, играше за младинските селекции на Турција и Белгија, земјата каде е роден.
Озтурк за повикот дозна при влезот во клупските простории, започна да вика и скока од среќа, па да ги прегрнува сите околу себе.
Турција не успеа да ја совлада Латвија на домашен терен, а Озтурк сепак не доби прилика да дебитира во националниот дрес.