Ндоје пред потпис со Нотингем Форест

Нотингем Форест е пред ангажман на Дан Ндоје од Болоња, популарните „шумари“ е платат преку 40 милиони евра, сума која Наполи не можеше да си ја дозволи.

Клубовите од Премиерлигата се далеку финансиски помоќни од останатите, а тоа и го покажува последниот трансфер на Нотингем Форест.

Популарните „шумари“ го договорија Дан Ндоје од Болоња во зделка вредна преку 40 милиони евра.

Се верува дека ќе има и неколку милиони плус во бонуси, како и клаузула која на Болоња ќе и донесе процент од следната зделка.

За фудбалерот интерес пројави и Наполи, но шампионот на Италија не помислуваше да понуди вакви суми, кои седмиот од Англија без проблеми ги плати.