Невакцинираните НБА-кошаркари добија нови протоколи
Унијата на кошаркари и челниците на НБА постигнаа договор дека секој кошаркар кој ќе пропушти натпревар бидејќи не е примил вакцина, нема да биде платен за тој меч.
Според проценките, повеќе од 90% од играчите се вакцинирани додека помал број не сакаат да го направат тоа. Колку одлуката ќе удри по кошаркарите, наведен е примерот на Кајри Ирвинг.
Тој за секој пропуштен натпревар на Бруклин ќе остане без 380.000 а доколку не игра во поголемиот дел од годината ќе загуби речиси 15 милиони долари.