Невил му препорача на Аморим значително да го засили Јунајтед летово

Легендарниот фудбалер, Гери Невил, проценува дека тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, мора да купи најмалку 4-5 играчи ако сака да ја користи неговата омилена шема со тројца напаѓачи.
„Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјаер и Ерик тен Хаг дојдоа со намера да играат фудбал со висок пресинг, но, на крајот сите се потпираа на дефанзива. Аморим виде дека го нема потребниот квалитет.
ислам дека ќе мора да купат повеќе играчи доколку сакаат да бидат добри во напаѓачка формација“, потенцираше Невил.