Невил: Однесувањето на Роналдо прави голем притисок врз Солскјер

Во саботата Манчестер јунајтед одигра 1-1 против Евертон на Олд Трафорд. Роналдо беше на клупата, во игра влезе во 57. минута од натпреварот. По мечот тој нервозно излезе од теренот мрморејќи си нешто. 

Поранешниот играч на Јунајтед и сегашен фудбалски критичар во „Скај спортс“, смета дека овој гест на Роналдо создава притисок врз Солшер.

„Го гледав натпреварот и видов како Роналдо го напушти теренот. Не можам да кажам дека ми се допадна. Дали Кристијано е вознемирен кога не игра? Да. Дали Кристијано е вознемирен кога не постигнува гол? Да. Дали Кристијано е бесен кога тимот не победува? Се разбира. Ги знаеме сите овие работи, не мора да го потврдува тоа. Тој го напушти теренот зборувајќи си нешто себеси, што отвора многу прашања. Што ли зборуваше? На кој е лут? И тоа може да се одрази на тренерот“, вели Невил.