Неволја за Алегри, сериозно се повреди летното засилување Јашари

Голем број на извори од Италија пренесуваат дека „росонерите“ неколку месеци ќе бидат без Ардон Јашари, фудбалерот од средниот ред заработил сериозна повреда по еден судар на тренинг со Сантијаго Хименез.

На денешната средба со новинарите во пресрет на натпреварот против Лече, Макс Алегри потврди дека Ардон Јашари нема да биде во комбинација за овој натпревар поради повреда.

Но голем број на извори попладнево пренесоа дека најскапото засилување на „росонерите“ ова лето подолго време ќе биде надвор од стројот.

Се шпекулира дека повредата на Ардон Јашари е сериозна, односно репрезентативецот на Швајцарија заработил фрактура на фибулата по еден судар со Сантијаго Хименез на тренинг.

Доколку се потврдат црните сценарија, фудбалерот кој беше платен 37 милиони евра, ќе паузира од 2 до 4 месеци.