Незапаметено! Двомеч во Лига Европа ќе се игра на неутрални терени

Англиските клубови го променија распоредот на бројни натпревари во ЛШ и ЛЕ, поради државните рестрикции за влез на државјани од Велика Британија и потенцијално проширување на новиот вид на коронавирус.
Фудбалерите на Бенфика и Арсенал ќе ги одиграат двата свои натпревари од 1/16 финалето на Лига Европа на неутрален терен, потврди Европската фудбалска унија УЕФА.
Бенфика ќе биде домаќин на Арсенал во Рим на Олимпискиот стадион, додека Арсенал ќе биде домаќин во Атина на стадионот на Олимпијакос.
Ливерпул и Манчестер Сити им гостуваат на Лајпциг и Менхенгладбах во Будимпешта и Хернинг, додека Реал Сосиедад ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед во Торино.
Додека, натпреварот каде требаше да биде домаќин Атлетико Мадрид против Челзи ќе биде одигран во Букурешт.