Неизвесна иднината на Депај, Барса го стави на трансфер листа
Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона во зимскиот
преоден рок, пренесуваат каталонските медиуми. Депај и ова лето
беше на излезна врата, но сепак остана во Барселона, каде не добива
голема минутажа и е во втор план. Поради тоа сака да ја промени
средината и побарал од Барселона предвремен раскин на договорот за
да замина во јануари.
Барселона сака да го пушти во јануари и за неговата слобода бара
само два милиони евра, но ниту еден од клубовите не сака да ја плати
таа сума.
Холанѓанецот ќе биде слободен агент на крајот на сезоната, па
заинтересираните клубови бараат да го раскине договорот во јануари
и да го добијат неговиот потпис без обештетување.