Неизвесна иднината на Донарума во Париз

Според најновите извештаи, тимот на Париз Сен Жермен, кој важи за еден од највлијателните клубови денес, би можел да претрпи промени во играчкиот кадар ова лето. Оваа вест доаѓа од реномираниот “Л’Екип”, само ден пред финалето на Светското клупско првенство против Челси, и не е особено пријатна за навивачите на клубот од Париз.
Како што пишува “Л’Екип”, прашањето околу првиот голман на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, сè уште не е решено. Неговиот актуелен договор истекува на 30 јуни 2026 година, но нов договор сè уште не е потпишан. Ова отвора оправдани дилеми за неговата иднина во клубот.
Ако договорот му истече, Донарума ќе може да промени клуб без обештетување, нешто што Париз би сакал да го избегне.
Според истиот извор, клубовите Челси, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед внимателно ја следат ситуацијата со италијанскиот голман и се подготвени да не жалат средства за негово доведување доколку се укаже можност.