Неизвесна иднината на Конте во Тотенхем
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, најави дека ќе остане во Англија до крајот на сезоната а потоа ќе размислува за неговата иднина.
Популарните „спарси“ вчера беа елиминирани од Милан во Лигата на шампионите откако на домашен терен одиграа без голови. Тој епилог ги однесе италиајнците во наредната фаза бидејќи ја задржаа предноста од 1-0 од првиот меч во Милано.
„Мојот договор истекува во јуни, ќе видиме, можеби ќе ме отпушат пред да заврши сезоната“, искоментира Конте пред новинарите.