Нелсон ќе добие нов договор на „Емирати“
Првите луѓе на Арсенал размислуваат да му го продолжат договорот на младиот фудбалер Рис Нелсон, за кого се заинтересирани екипите на Брајтон и Ница, објавија денеска медиумите во Англија.
Играчот кој има само 23 години ги одработува последните месеци од договорот кој ќе му истече во текот на летото. Тој иако добива мала минутажа на теренот, успеа на 8 мечеви да постигне 3 гола и да направи 3 асистенции.
Нелсон кој потекнува од школата на лондончани претходно настапуваше како позајмен во Хофенхајм (Германија) и Феенорд Холандија.