Немања Илиќ се повреди непосредно пред ЕП во ракомет

Србија се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското
ракометно првенство.
Селекторот Тони Џерона нема да отпатува во комплетниот состав на
последните подготовки во Шпанија, а најново име кое се приклучи на
повредените играчи е капитенот на „орлите“, Немања Илиќ.
Средниот бек заработил незгодна повреда и не е познато дали ќе биде
„фит“ за настап на континенталниот собир, а повеќе информации се
очекуваат во текот на оваа недела. Илиќ останува во Белград уште
неколку денови, по што ќе се приклучи на тимот, но неговата
подготвеност за настап ќе биде јасна на ден пред почетокот на
собирот.
На негово место во моментов е повикан „вардарецот“ Марко
Срдановиќ, кој можно е и да остане во тимот за Европското првенство.
Србија ќе се натпреварува во групата Ц, каде противници ќе ѝ бидат
Унгарија, Исланд и Црна Гора.