Нема место за Меси во тимот на годината!
Францускиот Л’Екип го избра тимот на 2020. година, а во идеалните 11 немаше место за Лео Меси.
Аргентинецот за многумина е најдобар играч на сите времиња, но угледниот француски весник смета дека годинава со своите игри не го заслужи своето место во најдобрите 11.
Во формација 4-4-2, во екипата на годината се најдоа: Нојер, Алфонсо Дејвис, Рамос, Ван Дајк, Александер-Арнолд, Тиаго Алкантара, Кимих, Нејмар, Де Брујне, Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски.
Актуелниот европски првак, минхенски Баерн имаше пет играчи во најдобриот тим за минатата година.