Нема ниту еден настап, а Гвардиола го нарекува капитен!
Се сеќавате ли на Скот Карсон? Тој веќе втора сезона по ред е трет голман на Манчестер Сити. Тој се пресели во Манчестер како позајмен играч од Дерби Каунти, а Пеп Гвардиола сака да го задржи 35-годишниот чувар на мрежата во својата екипа, што дојде како изненадување за многумина, бидејќи англичанецот нема ниту еден настап за клубот. Карсон е резерва на бразилецот Едерсон и американецот Зек Стефен, но шпанскиот стратег тврди дека Карсон е важен за низа други причини. „Имаме еден играч, голман кој ни е многу важен. Тоа е Скот Карсон. Тој е капитен зад сцената. Не се провлекува низ медиумите, го нема на теренот, но во соблекувалната тој е како капитен. Тој е важен за нас и се надевам дека ќе остане уште долго.“ – вели Гвардиола. Во својата кариера, Карсон бранеше за Лидс, Ливерпул, Шефилд Венсдеј, Чарлтон, Астон Вила, ВБА, Бурсаспор, Виган и Дерби.