Нема повеќе пречки, марихуаната ќе биде дозволена во НБА?
Предсезонските натпревари во НБА лигата штотуку започнаа и од таму стигна информација која предизвика интерес на тема антидопинг тестови.
Познатиот кошаркарски новинар на ИСПН, Адријан Војнаровски, на твитер објавува дека според своите сознанија, во нареднета сезона од НБА лигата, играчите нема повеќе да се тестираат на марихуана, што во пракса значи дека ќе биде дозволена за конзумирање од нивна страна.
Антидопинг контролите ќе продолжат и понатаму и ќе се однесуваат на сите недозволени супстанци кои ги подобруваат физичките перформанси.