Неморална понуда од Ал Хилал за Левандовски

Роберт Левандовски (37) е се поблиску до сензационално заминување од Барселона откако доби понуда од Саудиската професионална лига која, како што се вели, би му го променила животот.

Според полскиот „WP Sportowe Fakty“, Ал-Хилал е решен да го доведе 37-годишникот за да го засили нападот со уште една икона на светскиот фудбал. Клубот од Ријад му ги презентирал финансиските детали од договорот.

Иако неколку клубови беа поврзувани со полскиот репрезентативец во последните недели, вклучувајќи ги Јувентус, Милан и американскиот Чикаго Фаер, Ал-Хилал, преку ноќ, стана главен фаворит.

Финансиската понуда е огромна дури и за стандардните на Саудиската професионална лига.

Се шпекулира дека Ал-Хилал на Левандовски му се нуди плата од 90 милиони евра по сезона.

И покрај претходните написи на шпанскиот весник „Ас“, во кои се сугерираше дека геополитичките причини би можеле да го одвратат напаѓачот од преселба на Блискиот Исток, се чини дека само износот на финансискиот пакет ја променил ситуацијата. Со оглед на тековните финансиски предизвици на Барселона, заминувањето на најплатениот играч би донело значително олеснување за буџетот на клубот.

Доколку Левандовски го комплетира трансферот во Ал-Хилал, тој ќе се приклучи на исклучително амбициозен тим предводен од поранешниот тренер на Интер, Симоне Инзаги.

Во тимот веќе има голем број ѕвезди, вклучувајќи го поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и освојувач на „Златната топка“, Карим Бензема, заедно со Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Рубен Невешш и Калиду Кулибали.