Неморална понуда од Саудиска Арабија за Лионел Меси

Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси добил рекордна понуда од Саудиска Арабија. Во моментов предлогот од Саудиска Арабија е единствениот што го добил Аргентинецот. Предложениот договор е за две сезони со сума од 600 милиони евра. За трансферот наводно се разговарало и за време на неговото непланирано патување во Саудиска Арабија.
За самиот Аргентинец, секоја понуда од Европа е приоритет бидејќи сака да продолжи да игра на највисоко ниво до Копа Америка во 2024 година.
Враќањето во Барселона е потенцијална опција, но овој потег е многу проблематичен за Каталонците поради финансиската ситуација.
Меси оваа сезона одигра 37 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и 19 асистенции.